26 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин објави каде заврши украинското жито за сиромашните земји!

Путин објави каде заврши украинското жито за сиромашните земји!

„Земјите во развој го добија минимумот од извезеното жито“, рече рускиот претседател Владимир Путин на Источниот економски форум што се одржа во Владивосток.

Западните држави лажеа кога тврдеа дека на Украина и е потребен поморски пристап за да ги ублажи зголемените цени на храната и ризикот од глад во сиромашните земји, рече Путин, пренесува Раша тудеј (РТ).

Поголемиот дел од товарот што ја напушти Украина како дел од договорот со Русија со посредство на Турција и ОН отиде во ЕУ, рече Путин во својот говор. Тој додаде дека веројатно треба да се сменат условите.

Путин го изјави ова во врска со аранжманот што им овозможува на бродовите да влегуваат и излегуваат од пристаништата на Украина во Црното Море за да испорачуваат жито. Шемата беше лансирана на крајот на јули, при што Турција беше домаќин на центарот кој ги координира испораките.

Рускиот лидер истакна дека договорот се смета за начин да се спречи растот на светските цени и да им се помогне на посиромашните нации. Во пракса, речиси целото жито што се испраќа од Украина отиде во богатите земји на ЕУ, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП