28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТIAEA ја утврди штетата, но не го именуваше виновникот

IAEA ја утврди штетата, но не го именуваше виновникот

Директорот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (IAEA), Рафаел Гроси, изјави дека не може да утврди кој ја гранатирал нуклеарната централа Запорожје.

„Не можам да го одредам тоа. Немаме средства да го направиме тоа. Како што знаете, ќе треба да ја надгледувате воената операција во регионот…која не само што е надвор од мандатот на IAEA, туку ќе бара огромен потенцијал“, изјави Гроси за „CNN“.

Тој оцени дека состојбата во постројката се уште е многу загрижувачка и предупреди дека „си играме со оган“.

После тоа Гроси на седницата на Советот за безбедност на ОН изјави дека во нападите била оштетена нуклеарната централа Запорожје, пренесува Спутник.

Тој посочи дека една од безбедносните основи на секоја нуклеарна централа е „ненарушувањето на нејзиниот физички интегритет“.

„За жал, тоа се случи и се случува. Физичките напади, како резултат на кои, намерно или ненамерно, оваа станица беше подложена на удари, кои јас и моите експерти лично можевме да ги видиме и оцениме, се едноставно неприфатливи“, рече Гроси.

Гроси додаде дека IAEA препорачува сета воена техника и опрема да се повлече од територијата на нуклеарната централа Запорожје.

„Забележуваме дека работниците на станицата работат во исклучително тешки услови во близина на воена техника и опрема. Во врска со ова, нашата препорака е воената техника и опремата што се наоѓа таму да се повлече за да не се попречува нормалното функционирање на системот за нуклеарна безбедност“, рече Гроси.

Гроси додаде дека IAEA препорачува надворешниот систем за напојување на нуклеарната централа да се обнови и потоа да се обезбеди нејзино безбедно функционирање.

„Нуклеарната централа без надворешно напојување може да ја изгуби критичната функционалност, вклучително и реакторите за ладење и потрошеното гориво. Без него, можеме да се соочиме со многу сериозна несреќа. Затоа, IAEA препорачува надворешниот систем за напојување да биде обновен и достапен во секое време“, заклучи Гроси.

Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) во вторникот објави извештај за Украина, во кој се наведува дека има итна потреба да се воведат привремени мерки за да се спречи нуклеарна несреќа што е резултат на физичко оштетување на нуклеарната централа Запорожје.

IAEA соопшти дека е подготвена веднаш да започне консултации кои ќе доведат до итно формирање на безбедносна зона за нуклеарната централа во Запорожје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП