25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБајден: Русија не треба да се означи како спонзор на тероризмот

Бајден: Русија не треба да се означи како спонзор на тероризмот

Американскиот претседател Џо Бајден одлучи да не ја назначи Русија за државаен која го спонзорира тероризмот, изјави во вторник портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

Во понеделникот Бајден изјави дека Русија не треба да се прогласува за држава која го спонзорира тероризмот, за кој се залагаше Украина, која е цел на руската агресија, пренесува Хина.

Од друга страна, Русија предупреди дека таквиот потег на Вашингтон ќе доведе до прекин на американско-руските врски.

Назначувањето на Русија како државен спонзор на тероризмот може да го одложи извозот на храна и на тој начин да ги загрози договорите за испорака на жито во светот преку пристаништата на Црното Море, рече Жан-Пјер.

Претходно американскиот Сенат, Горниот дом на Конгресот, едногласно одобри необврзувачка резолуција со која се повикува американскиот државен секретар Антони Блинкен да ја прогласи Русија за „држава спонзор на тероризмот“ поради нејзините дејствија во Украина, Чеченија, Грузија и Сирија.

Претставничкиот дом, Долниот дом на Конгресот, претходно донесе слична мерка, но само Стејт департментот има овластување да определи земја за спонзор на тероризмот.

Претходно, рускиот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов изјави дека евентуалното спроведување на американската иницијатива за прогласување на Русија за спонзор на тероризмот ќе доведе до најостри одмазднички мерки од страна на Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП