26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Sony Xperia 5 IV“ има нешто што повеќето водечки телефони го немаат...

„Sony Xperia 5 IV“ има нешто што повеќето водечки телефони го немаат (ВИДЕО)

„Sony“ претстави компактен предводник на телефон наречен „Sony Xperia 5 IV“. Доколку нема непредвидени презентации, со овој модел „Sony“ ја заокружи телефонската презентација за оваа година.

Телефонот „Xperia 5 IV“ се напојува со чип Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1. Доаѓа во комбинација со 8GB RAM и 128GB или 256GB простор за складирање. Има и слот за microSD картичка, што секако е за пофалба, со оглед на тоа што конкуренцијата одамна го прекина. Друго такво нешто е 3,5 милиметарскиот приклучок за слушалки што го има овој паметен телефон.

Телефонот има 6,1-инчен OLED екран со резолуција од 1.080 x 2.520 пиксели, со стапка на освежување од 120 Hz. Наводно, екранот е 50% посветол од оној на претходниот модел.

„Xperia 5 IV“ има батерија со капацитет од 5.000mAh, со поддршка за брзо полнење од 30W. „Sony“ тврди дека телефонот ќе се полни до 50% за 30 минути, а пристојната батерија ќе ја чува и до три години. Сепак, полначот, па дури ни USB-кабелот не доаѓаат со телефонот во кутијата. Позитивна белешка, телефонот поддржува безжично полнење.

Телефонот има три сензори за камера на задната страна – главен сензор од 12MP f/1.7, ултра широк сензор од 12MP f/2.2 и телефото сензор од 12MP f/2.4, а ZEISS е задолжен за обработка на фотографии. Сите три сензори имаат автофокус, додека главниот и ултраширок имаат поддршка за OIS. На предната страна, има надградена селфи камера од 12 MP f/2.0 со фиксен фокус.

„Xperia 5 IV“ има водоотпорен сертификат IP68, заштита од Gorilla Glass Victus од двете страни, како и сертификати Dolby Atmos, Hi-Res, DSEE Ultimate и 360 Reality Audio.

Телефонот ќе се продава од средината на овој месец. Цената на „Sony Xperia 5 IV“ на европскиот пазар е 1.049 евра. Достапен е во три бои – црна, зелена и бела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП