20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуските милијардери побогати за 20 милијарди долари

Руските милијардери побогати за 20 милијарди долари

Комбинираната вредност на имотот на најбогатите руски милијардери е зголемена за дополнителни 20 милијарди долари од почетокот на руската инвазија на Украина.

Во моментов има 26 руски државјани на листата на 500 најбогати луѓе во светот, која ја води Блумберг. На 24 февруари нивната вкупна актива беше проценета на 313,6 милијарди долари, а шест месеци подоцна тие изнесуваа 334 милијарди.

Индексот на милијардери на Блумберг се пресметува секојдневно врз основа на, меѓу другото, вредноста на сопственичките удели во компаниите за оние кои котираат на берзите. Според тоа, проценката на вредноста на нечиј имот може да варира во зависност од состојбата на пазарот и економскиот сектор во кој работат компаниите во негова сопственост.

Руската инвазија и нејзините последици ставија нога на и онака нестабилната ситуација во светската економија погодена од пандемијата.

За светските пазари, а особено за Европа, инвазијата значеше енормно зголемување на цените на енергијата и храната. За Русија тоа значеше остри трговски санкции, исклучување на Русија од дел од меѓународниот проток на стоки и дополнителни потешкотии за нејзините граѓани.

Милијардерите, иако – како што често се случува – во голема мера заштитени од секојдневните тешкотии што ги мачат просечните граѓани, ги почувствуваа и последиците од војната. Трансакциите со сопственички акции се отежнати, дел од имотот им е блокиран, а неодамна во Гибралтар на аукција беше продадена 70-метарската јахта на рускиот тајкун Дмитри Пумпиански како последица на блокирањето на имотот.

Движењето на имотот на руските милијардери од почетокот на војната во Украина уште еднаш покажа дека богатството на милијардерите може да осцилира во однос на движењата во светската економија. Но, обично е доволно разновидно што милијардерите не мора да се грижат премногу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП