4 мај, 2024
ПочетнаФОРЕКСТЕХНИЧКИ АНАЛИЗИЕврото го возврати ударот

Еврото го возврати ударот

Еврото повторно забележува раст во однос на американскиот долар и речиси е на пат да го поврати целиот пад од претходните две недели.

По се изгледа следува стабилизација во европската зона но и американската валута забележува повторно пад со оглед на случувањата на блискиот исток каде е смирена тензијата по барањето на американскиот претседател Барак Обама за одложување на гласањето за спроведување на воена акција над сириската влада.

Исто така смирени се страстите на инвеститорите во САД кои се во очекување на следниот состанок на федералните резерви кој ќе се оддржи на 17-ти и 18-ти септември во кој се очекува централната банка на САД да го намали обемот на купување обврзници на месечно ниво.

Во тек на вчерашниот ден валутниот пар EUR/USD забележа раст пробивајки го нивото на отпор 1,3276 при што достигна повисока цена до отпорот 1,3320 како што предвидовме во вчерашната анализа и е со тенденција да продолжи да расте, а доколку продолжи нагорниот тренд најверојатно ќе следи една мала корекција надолу до вчерашниот отпор кој е сега во улога на поддршка 1,3276 за подоцна да го пробие моменталниот отпор на 1,3220 и да достигне највисока цена на 1,3375.

Доколку пак повторно се консолидира под 1,3276 и остане помеѓу оваа цена и цената на најдолната поддршка 1,3235 најверојатно ќе следува мешан пазар или “Range” и ќе остане помеѓу овие нивоа подолг период.

На Форекс берзата можете да ги искористете овие секојдневни разлики на цената за реализација на позначителни профити доколку правилно го анализирате пазарот и тргувате со пропорционални обеми (Лотови) според износот на вашата сметка.

eurusd-12_09

Среќно тргување,

Адмирал Маркетс

Анализите и предвидувањата се само наше мислење и не мора во потполност да се реализираат. Одлуката за тргување и ризикот е само од страна на трговецот и Адмирал Маркетс не одговара за евентуални загуби на трговецот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП