2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКосовскиот министер за финансии, Мурати го потурија со брашно(ВИДЕО)

Косовскиот министер за финансии, Мурати го потурија со брашно(ВИДЕО)

Симболична акција против министерот за финансии на Косово, Хекуран Мурати. Информациите се дека тој им објавил војна на работниците.

Лидерот на вонпарламентарната ПСД, Дардан Молиќај сподели видео на кое се гледа како двајца активисти го посипуваат Мурати со брашно на паркинг во центарот на Приштина. Министерот без воопшто да прозбори продолжува кон своето возило.

„Симболична акција за работниците. Не може да се нормализира војната без преседан што Хекуран им ја објави на работниците. Затоа, акција, интервенција, отпор“ – напиша Молиќај.

Просветните работници, но и останати вработени во јавниот сектор штрајкуваат со барање за зголемување на платите.

Мурати, според информациите на косовските медоуми, одбива да им ги исплати платите за минатиот месец на оние што штрајкуваат, односно се заканува дека тие ќе им бидат намалени за времето поминато во штрајк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП