2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНАСА по втор пат ја откажа мисијата Артемис 1 на Месечината поради...

НАСА по втор пат ја откажа мисијата Артемис 1 на Месечината поради технички проблеми

Лансирањето на најмоќната ракета на американската вселенска агенција досега е откажано по втор пат за една недела.

Соопштението дојде откако беше откриено истекување во резервоарот за водород.

Првиот обид оваа недела за лансирање на ракетата од Земјата беше прекинат во понеделникот поради мешавина на технички и временски проблеми.

Денешното истекување беше откриено кога ракетата почна да се полни со супер-ладно гориво.

Контролорите пробаа неколку поправки, но безуспешно.

Возилото согорува 2,7 милиони литри течен водород и кислород за да обезбеди потисок потребен за излез од Земјата.

Оваа џиновска ракета висока 98 метри требаше да оди на својата прва мисија во вселената, без луѓе.

Овој потфат претставува клучно и долго одложувано демонстративно патување до Месечината за програмата Артемис на НАСА, инвестиција од повеќе милијарди долари од Соединетите држави за враќање на луѓето на површината на Месечината како пракса за идните мисии на Марс.

Развојот на ракетата Space Launch System во изминатата деценија беше предводен од Боинг, а на самиот врв на ракетата се наоѓа капсулата за астронаути Орион на НАСА, изградена од Локхид Мартин.

За целите на оваа мисија, наречена Артемис 1, капсулата Орион требаше да биде лансирана на врвот на вселенскиот систем за лансирање, без екипаж, и да орбитира околу Месечината пред да се врати на Земјата и да слета во океанот 42 дена подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП