16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИEquinor е првата голема нафтена компанија која целосно се повлече од руските...

Equinor е првата голема нафтена компанија која целосно се повлече од руските проекти

Норвешката „Equinor“ стана првата голема нафтена компанија која го исполни своето ветување и целосно се повлече од руските проекти.

Компанијата во првите денови по војната во Украина соопшти дека ќе се откаже од заедничките проекти со „Роснефт“, како и од проектот „Харјага“, опишувајќи ги овие средства како „неодржливи“.

На крајот на краиштата, норвешката компанија веќе нема никаква активност во рускиот енергетски сектор, се наведува во соопштението за печатот на „Equinor“.

Во март, норвешкиот гигант престана да тргува со руска нафта, а во мај објави дека ги префрлил своите средства во заеднички вложувања со „Роснефт“ на руската државна компанија, потсетува „Reuters“. Двете компании долги години имаа заеднички активности во Русија.

Тогаш остана само уделот во арктичкото нафтено поле „Харјага“ во кое работи заедно со „Зарубежнефт“ и „TotalEnergie“.

„Reuters“ потсетува дека повеќето нафтени и гасни гиганти, вклучувајќи ги „Shell“ и „BP“, рекоа дека ќе го напуштат рускиот пазар поради војната во Украина. Досега, пак, никој од нив не ги извршил сите активности за реализација на овие ветувања.

Пред неколку дена „TotalEnergie“ објави дека ќе го продаде својот удел во полето за гас во Сибир на својот партнер „Новатек“. Компанијата е вмешана во скандал околу продажбата на гориво за авиони на руската војска и се најде на мета на критики во Франција затоа што сè уште работи во Русија. Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин издаде декрет со кој им забранува на компаниите од „непријателските“ земји, кои се сите од ЕУ, да ги продаваат своите средства во некои економски сектори, вклучително и енергетиката. Меѓутоа, правилата дозволуваат и некои исклучоци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП