„Ericsson“ најави дека постепено ќе ги прекине своите руски деловни операции во следните месеци, бидејќи шведскиот производител на телекомуникациска опрема ги завршува своите обврски кон клиентите.
Компанијата, која во април го прекина својот бизнис во Русија на неодредено време, соопшти дека има околу 400 вработени во земјата и дека ќе обезбеди финансиска поддршка за погодените работници.
Се поголем број западни компании ги продаваат своите руски бизниси откако објавија дека ги прекинуваат операциите таму во неделите откако Москва испрати десетици илјади војници во Украина на 24-ти февруари.
„Ericsson“, кој ги стави вработените на платен одмор претходно оваа година, отпиша 900 милиони круни (95 милиони долари) во првиот квартал поради оштетување на средствата и други еднократни трошоци поврзани со одлуката.
Рускиот дневен весник „Комерсант“ најпрвин објави за заминувањето на „Ericsson“ и рече дека некои вработени ќе бидат префрлени во нова компанија што ќе ја основа високото раководство на гигантот во Русија. „Ericsson“ не одговори на барањата за коментар за новата организација.