1 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНова серија на компјутери Dell Precision

Нова серија на компјутери Dell Precision

dell2

Компанијата „Dell“ ги претстави новите компјутери „Dell Precision М4800“, „М6800“, „Т3610“, „Т5610“ и „Т7610“, кои се идеално решение за професионалците од областа на 3Д моделирањето и програмирањето, инженерингот и различните научни дисциплини.

Со унапредените перформанси, извонредната графичка можност, силните процесори и другите напредни технологии, новата линија на „Dell“ компјутерите овозможува реализација и на најсложените операции, како и развој на сложените софтверски апликации.

Како најмоќни преносливи работни станици во индустријата, моделите „М4800“ и „М6800“ први на пазарот поседуваат и „Qual HD+IGZO“ екран со дијагонала од 15,6 инчи, со висока резолуција и „Wacom“ мулти-тач технологија за полесна и поинтуитивна контрола со сите десет прсти.

Новите компјутери користат меморија од 16GB и брзина од 1866 MHz, „Intel Core i5“ и „i7“ процесори со можност за надоградба на „Core i7 Extreme Edition“ верзија, како и „AMD FirePro“ и „NVIDIA Quadro“ професионална графичка картичка.

И двата модели се веродостојни бидејќи батеријата им трае цел ден, а вклучуваат и додатна батерија и „AMD Enduro“ и „NVIDIA Optimus“ технологија, како и водечки безбедносни решенија кои подразбираат сеопфатно енкрипција, напредно утврдување на автентичноста и заштита од вируси.

Наменета за научните анализи, професионалниот инженеринг и комплексното 3D моделирање, новата линија на десктоп компјутерите го вклучува моделот „Т3610“ кој поседува „Intel Xeon“ централен процесор, потоа, уред со помали димензии со ознака „Т5610“, како и моделот „Т7610“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП