3 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилно невреме го погоди Скопје(ФОТО)

Силно невреме го погоди Скопје(ФОТО)

Невреме проследено со интензивен дожд, електрични празнења и град попладнево ја зафати Скопската Котлина.

Поплавени улици, откорнати дрвја, уништени автомлобили. Ваква е сликата во Скопје кое е зафатено е силно невреме проследено со интензивни врнежи, грмежи, ветер и град.

Силното невреме го поплави булеварот Јане Сандански, но и автомобили кои возеле во моментот кога силен град и дожд паѓаа во овој дел од Скопје. Сообраќајот е делумно блокиран.

Засега е познато дека има материјални штети, откорнати дрвја, а во делови од Скопје оштетени се и возила.

Дождот го поплави „Ист гејт мол“

Дождот што попладнево го погоди Скопје го поплави трговскиот центар „Ист гејт мол“.

На социјалните мрежи се споделуваат видеа и фотографии на кои може да се види дека водата има навлезено и во дел од продавниците.

Под подвозникот кај хотел „Континентал“ заглавени се четири автомобили, со патници меѓу кои и деца, а поплавена е улицата и кај подвозникот на Бит-пазар, при што заглавени се неколку автомобили и едно кобе, со вкупно петнаесеттина луѓе. Како што информираа од Центарот за управување со кризи ним во моментов им се помага од страна на службите според приоритет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар