24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМаск со официјално писмо го известил Твитер дека дефинитивно нема да го...

Маск со официјално писмо го известил Твитер дека дефинитивно нема да го преземе

Најбогатиот човек на светот, Илон Маск, испрати дополнително писмо до Твитер за раскинување на договорот откако на суд го повика свиркачот кој бараше документи за тоа како Твитер проверува дали има спамови на неговата мрежа.

Маск се повлече од понудата од 44 милијарди долари за Твитер во јули, велејќи дека компанијата го довела во заблуда него и регулаторите за вистинскиот број на спамови или бот сметки на платформата за микроблогирање, пренесува Ројтерс.

Маск, според поднесувањето на судот во понеделникот, барал информации од свиркачот и поранешен шеф за безбедност на Твитер, Питер Затко, главно за тоа како сајтот за микроблогирање мери спамови.

Затко, озлогласениот хакер познат како „Маџ“, кој беше ангажиран од Твитер, во својата жалба, која се појави во јавноста минатата недела, рече дека компанијата лажно тврдела дека има солиден безбедносен план и дека приоритет има раст на корисниците наместо намалување на спамовите.

По објавата, адвокатскиот тим на Маск изнесе наводи за одредени факти кои беа познати на Твитер пред 8 јули, но не им беа откриени.

Тоа излезе во јавноста и даде дополнителни причини за раскинување на договорот.

Повикот за Затко дојде пред петдневното судење во Делавер кое ќе започне на 17 октомври.

Додека Маск сака да го раскине договорот, Твитер бара од канцеларката Кетлин Мекормик од Канцеларискиот суд во Делавер да му нареди да го заврши договореното купување за 54,20 долари по акција.

Во меѓувреме, на 29 август беше доставено дополнително известување за раскинување во случај да се утврди дека известувањето од 8 јули е неважечко од која било причина, според официјалното поднесување на Маск во вторникот.

Акциите на Twitter паднаа за 2,5 отсто на 39,02 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП