25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНа „Uniper“ му требаат уште 4 милијарди евра помош

На „Uniper“ му требаат уште 4 милијарди евра помош

На проблематичната германска енергетска компанија „Uniper“ и треба уште една кредитна линија од 4 милијарди евра, објави концернот во специјалното соопштение во понеделникот.

Покрај тоа, „Uniper“ целосно ја апсорбира кредитната линија од 9 милијарди евра што веќе ја додели германската развојна банка „KfW“. Веќе минатата недела стана јасно дека „Uniper“ нема да може да се справи со досега добиените средства.

Компанијата аплицираше за државна помош во јули и ја доби две недели подоцна. Кредитната линија на „KfW“ е дел од спасувачкиот пакет. Поради скратувањето на руските испораки преку гасоводот Северен тек 1 во Балтичкото Море, групацијата со седиште во Дизелдорф мора да купува гас на пазарот по повисока цена за да ги исполни договорите. Тоа доведува до проблеми со ликвидноста. Компанијата игра централна улога во германското снабдување со енергија со повеќе од 100 општински комунални и индустриски претпријатија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП