27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Dell“ конечно го напушта рускиот пазар

„Dell“ конечно го напушта рускиот пазар

Американскиот технолошки гигант „Dell Technologies“ објави дека целосно ја прекина работата во Русија, откако ги затвори своите канцеларии таму во средината на август. Ова е уште една компанија во растечката листа на западни играчи кои се повлекуваат од рускиот пазар.

Компјутерската компанија, која е клучен снабдувач на сервери во Русија, им се придружува на другите кои згаснаа откако Москва испрати десетици илјади војници во Украина на 24-ти февруари.

„Dell“ ја прекина продажбата во Украина и Русија во февруари и тогаш рече дека ќе ја следи ситуацијата за да ги одреди нејзините следни чекори.

„Во средината на август ги затворивме нашите канцеларии и целосно ги прекинавме активностите во Русија“, изјави портпаролот на „Dell“, Мајк Симиенас.

„Уште во февруари донесовме одлука да не продаваме, сервисираме или поддржуваме производи во Русија, Белорусија и регионите Доњецк и Луганск во Украина, покрај ембаргото што веќе е воведено на Крим“, додава тој.

Русија го анектира Крим од Украина во 2014-та година и ги призна самопрогласените републики Доњецк и Луганск во источна Украина во февруари, потези кои ги осудија Украина и западните земји кои воведоа санкции кон Русија.

Руското Министерство за индустрија во петокот соопшти дека на многу истражувачи и инженери кои работат за „Dell“ во Русија веќе им се понудени нови работни места. Веста беше објавена откако голем број медиуми објавија дека компанијата целосно ја напушта земјата.

Минатата недела, технолошкиот „CNews“ објави дека „Dell“ целосно ќе ја напушти Русија и ќе го отпушти целиот свој локален персонал. ИТ-фокусираниот портал за вести „TAdviser“ објави слични информации.

„Го следиме развојот на ситуацијата“, објави заменик министерот за индустрија и трговија Василиј Шпак, цитиран од новинската агенција ТАСС.

„Според нашите податоци, голем број специјалисти во развојниот центар на „Dell“ и инженери за поддршка во Санкт Петербург и Москва веќе добиле понуди за работа со конкурентна плата од руски производители“, додава тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП