28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСоцијалната мрежа на Трамп на работ на колапс

Социјалната мрежа на Трамп на работ на колапс

„Truth Social“, социјалната мрежа на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, се соочува со финансиски проблеми, а популарноста на апликацијата е под очекувањата.

Шест месеци од дебито на новата мрежа, клонот на „Твитер“ сè уште нема стабилен и постојан извор на приход, а растот станува сомнителен.

„Digital World Acquisition“, компанијата која требаше да го купи „Truth Social“, моментално размислува и изрази страв дека правните проблеми може да доведат до пад на популарноста на мрежата. Од компанијата велат дека бизнисот на оваа мрежа лесно може да се разниша доколку опадне популарноста на Трамп или ако има нови контроверзии кои го нарушуваат неговиот кредибилитет.

Поднесоците на компанијата тврдат дека „Truth Social“ можеби никогаш нема да постигне приходи и профитабилни операции. Во нив пишува дека компанијата мора да се ослободи од ризиците во својот бизнис и дека доколку не успее, најверојатно ќе пропадне.

Веќе има индиции дека финансиската основа на мрежата „Truth Social“ почнала да се распаѓа. Компанијата на Трамп ги суспендираше плаќањата на Wright Forge, компанија за веб хостинг која сега и должи неколку милиони долари, дознава Fox Business.

Рајт Форџ се смета за столб на конзервативното движење за изградба на паралелен Интернет кој е заштитен од „цензура од страна на големите технолошки гиганти“. Извршниот директор на компанијата, Мартин Авила, одби да го коментира случајот и рече дека „целосно стои на Трамп и неговите одлуки“.

Сепак, според Вашингтон пост, компанијата на Трамп и Рајт Форџ комуницирале исклучиво преку адвокати во последните неколку недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП