26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗеленски: Извезени се милион тони жито

Зеленски: Извезени се милион тони жито

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја извезла милион тони земјоделски производи преку Црното Море.

Ова го изјави Зеленски во петокот доцна навечер, за време на неговото редовно ноќно обраќање.

„Од првиот ден на август 44 бродови со украинско жито испловија од нашите пристаништа во 15 земји. Севкупно се работи за милион тони производи. Добивме барања за уште 70 бродови“, нагласи Зеленски, осврнувајќи се на извозот започнат по договорот постигнат со Турција и Обединетите нации на крајот на јули.

„Целта на Украина и Киев е да извезат три милиони тони во рок од еден месец“, додаде украинскиот претседател, пренесе Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП