30 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКако да препознаете украден автомобил

Како да препознаете украден автомобил

parking_polovni

Кога купувате половен автомобил потребно е да се обрне внимание и на можноста дека станува збор за украдено возило. Сигурно не е безопасна ситуација во која се нашле многу кои купиле украден автомобил, а до тој момент не знаеле. Постојат неколку совети кои можат да ви помогнат да утврдите дали автомобилот е украден.

-Ако не сте знаеле можете да купите добар половен автомобил за малку пари. Меѓутоа кај тие купувања морате да бидете многу внимателни, бидејки после тешко ќе ги убедите полициските власти дека вие не сте ја украле колата.

-Истото правило важи и за пречуканите броеви на шасијата и фалсификуваните документи. Нажалост криминалот е навлезен во сите свери на општеството, а голем дел и на пазарот на автомобили. Кога купувате автомобил неговото потекло не е никаква гаранција.

-Препорачуваме да имате голема претпазливост кај популарните автомобили кои најмногу се крадат. Тука пред се се однесува на Голф, Пасат, повеќето модели на Мерцедес,Ауди и БМВ.

-При проверка на автомобилот добро е да погледнете дали има евентуални оштетувања на бравите на вратите, како и клучот за палење.И најмалото оштетување може да биде знак дека автомобилот е украден.

-Бравите и клучевите треба да бидат оригинални, и ако нешто не одговара одма откажете се од купување на автомобилот.

-Сите стакла треба да имаат стандардна налепница. Сменетото стакло е знак за аларм.

-Сменет волан или рачката на менувачот исто така се сомнителни. Не дозволувајте да ве привлече спортскиот волан и менувач.

-Сомнително се смета и свежа боја која може да укажува на прикривање траги.

-Потрудете се детално да ги проверите сите документи, односно нивната исправност и тоа кај овластени лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП