25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАГолемо откритие: Јаглерод диоксид откриен на планета надвор од Сончевиот систем

Големо откритие: Јаглерод диоксид откриен на планета надвор од Сончевиот систем

Телескопот Џејмс Веб на НАСА направи уште едно големо научно откритие – пронајде траги од јаглерод диоксид на планета надвор од Сончевиот систем.

Иако таа егзопланета никогаш нема да биде погодна за живот, успешното откритие на CO2 им дава надеж на научниците дека слични набљудувања можат да се направат и на планети поблиску до Земјата, пишува агенцијата France Presse.

„Мојата прва мисла беше: леле, навистина имаме шанса да ги откриеме атмосферите на планетите со големина на Земјата“, напиша Натали Батала, професорка на Универзитетот во Калифорнија, Санта Круз, една од стотиците истражувачи на проектот Веб.

Студијата за егзопланетата WASP-39, џин со врел гас кој орбитира околу ѕвезда оддалечена 700 светлосни години, наскоро ќе биде објавена во списанието Nature.

„За мене, тоа ја отвора вратата за идни истражувања на супер-Земји или дури и планети со големина на Земјата“, рече Пјер-Оливие Лагаж, астрофизичар во Француската комисија за атомска енергија (ЦЕА). Супер-земјите се планети поголеми од нашата, но помали од Нептун.

Откривањето на јаглерод диоксид, исто така, ќе им помогне на научниците подобро да разберат како се формирал WASP-39, објави НАСА.

Таа егзопланета орбитира околу својата ѕвезда еднаш на секои четири дена, има маса од четвртина од Јупитер, но 1,3 пати поголем дијаметар.

Неговата орбитална фреквенција и големата атмосфера го направија WASP-39 идеален кандидат за рани тестови на инфрацрвениот сензор NIRSpec на Webb.

Телескопите Хабл и Спицер веќе открија водена пареа, натриум и калиум во атмосферата на таа егзопланета, но само со Веб беше откриен јаглерод диоксид.

„Тоа беше посебен момент, беше помината важна граница во науката за егзопланетите“, рече Зафар Русамкулов, истражувач од Универзитетот Џон Хопкинс, во соопштението на НАСА.

Телескопот вреден 9 милијарди долари, именуван по директорот на НАСА од 1961 до 1986 година, беше лансиран кон крајот на минатата година.

Проектот го води НАСА во партнерство со европските и канадските вселенски агенции, а телескопот е 100 пати помоќен од Хабл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП