24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот електричен автомобил на „Hyundai“ собра рекорден број нарачки за еден ден

Новиот електричен автомобил на „Hyundai“ собра рекорден број нарачки за еден ден

Новиот електричен модел на „Hyundai“, седанот „Ioniq 6“, собра рекорден број нарачки само еден ден по лансирањето на продажбата. Засега тие се само за јужнокорејскиот пазар каде 37.446 луѓе резервирале електрични автомобили во првите 24 часа.

Ова е апсолутен рекорд за корејската марка, бидејќи седанот далеку зад себе го остави електричниот кросовер „Ioniq 5“, кој го нарачаа 23.760 клиенти во првите 24 часа по неговото појавување на пазарот. На третото место во историјата на „Hyundai“ е малиот кросовер „Casper“, објавен во есента 2021-ва година. Тогаш собра 19.940 нарачки за еден ден.

Седанот „Ioniq 6“ беше претставен на саемот за автомобили во Бусан во јули и е единствениот електричен модел на „Hyundai“ кој не е кросовер. Неговите цени во Јужна Кореја започнуваат од 52 милиони вони (39.200 евра), што го прави поевтин од „Ioniq 5“, кој чини најмалку 61,5 милиони вони (46.150 евра).

Новиот модел е изграден на архитектурата „E-GMP“ (Електрична глобална модуларна платформа), на која се базираат и „Ioniq 5“ и „Kia EV6“, а неговиот коефициент на отпор (0,21) е споредлив со оној на „Tesla Model 3“ и е најнизок во историјата на брендот. Меѓу интересните решенија се рачките на вратите што се повлекуваат, камерите наместо обичните ретровизори, отсуството на копчиња од внатрешната страна на вратите и употребата на рециклирани материјали во тапацирот.

Основната верзија на „Ioniq 6“ доаѓа со влечна батерија со капацитет од 53 kWh, додека врвната варијанта е опремена со батерија од 77,4 kWh која обезбедува досег до 515 km со едно полнење. Моќноста на погонската единица, составена од два електромотори и соодветниот погон на четири тркала, е 325 ks и 605 Nm. Ова овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 5,1 секунди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП