29 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСудијата му нареди на Твитер да му ги предаде на Маск податоците...

Судијата му нареди на Твитер да му ги предаде на Маск податоците за ревизија на корисниците од 2021 година

Илон Маск би можел да добие пристап до податоците на Твитер користени во ревизијата на активни корисници во 2021 година.

Другите информации што Маск ги бараше во обид да го раскине неговиот договор од 44 милијарди долари за купување на компанијата беа одбиени од судијата како „апсурдно широки“.

Твитер ќе треба да достави податоци за 9.000 анализирани сметки во последниот квартал од 2021 година. Податоците беа анализирани со цел да се утврди бројот на лажни профили.

Компанијата тврдеше дека овие податоци не постојат и дека ќе биде тешко да се соберат. Сепак, им беше даден рок од две недели компанијата да ги изнесе податоците.

Маск тврдеше дека компанијата го измамила со погрешно прикажување на бројот на лажни корисници на оваа социјална мрежа во финансискиот извештај на кој тој се потпирал при понудата за купување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП