Можностите на квантните компјутери се многу пати поголеми од денешните најмоќни суперкомпјутери. Тие се дизајнирани да можат да ги решат и најсложените пресметки, а експертите се надеваат дека ќе одиграат голема улога во решавањето на најголемите проблеми на современото општество – од одржливоста, јавното здравје до многу споменуваните климатски промени.
Затоа и не треба да чуди што државите и големите технолошки компании вложуваат многу пари во нивниот развој. Една од овие компании е кинеската Baidu, која вчера го претстави својот прв квантен компјутер наречен „Qianshi“. Компјутерот има 10-кубитен процесор, а според Ројтерс, Baidu развил и квантен чип од 36 кјубити. Нивниот компјутер ќе биде достапен и за надворешни корисници кои за свои потреби, експерименти и тестови ќе можат да ја користат неговата моќ.

