Сите барем еднаш сме се запрашале дали некој ни го слуша телефонот? Со напредокот на технологијата, прислушувањето и следењето на уредите станаа многу лесно, особено кога станува збор за паметните уреди.
Хакерите можат да дознаат сѐ за вашиот живот за кратко време, можат да користат „GPS“ за да дознаат каде сте, каде купувате, што купувате, каде се движите, можат да соберат разни податоци за вас и да ги продаваат на „dark web“ или едноставно ги користат за кражба на идентитет.
Најчести симптоми
„Readers Digest“ откри некои од најчестите знаци дека некој ве следи.
Мобилниот уред сам се ресетира. Ако вашиот телефон почне сам да се ресетира, тоа значи дека можеби е хакиран, односно дека вашиот уред најверојатно подигнал „малициозен софтвер“ и дека дошол во конфликт со други апликации.
Драстично забавување на уредот. Ако вашиот телефон одеднаш станува забележливо побавен, ја изгуби брзината и капацитетот на батеријата му се намалила, тоа значи дека некој можеби го „хакнал“ вашиот оперативен систем.
Еден од показателите е појавата на чудни звуци. Ако слушнете зуење, статични или кликнувања, тоа може да биде знак дека некој го допира вашиот уред. Експертите тврдат дека тоа се случува ретко, бидејќи хакерите пронашле нови начини за прислушување и следење, но треба да внимавате на квалитетот на звукот.
На уредот му треба премногу време за да се исклучи. Ова е многу честа појава и ако забележите дека телефонот се исклучува многу подолго од вообичаено, тоа може да значи дека вашиот уред испраќа податоци на трета страна пред целосно да се исклучи, а со тоа го продолжува процесот на исклучување.
Често прегревање. Ако вашиот уред се загрева иако не правите ништо посебно на него, ова е многу чест индикатор дека вашиот уред е хакиран. Злонамерните програми работат постојано во позадина и се невидливи за корисникот, но можете физички да ги почувствувате бидејќи телефонот ќе ви биде жежок. Се разбира, може да се прегрее и поради лоша батерија.
Исто така, внимавајте на потрошувачката на мобилни податоци, ако претерано губите гигабајти, а не користите ништо што ги троши, тоа значи дека некој ги троши наместо вас.
Како да се заштитите?
И што да направите на крајот за да го спречите тоа? Првото нешто што можете да направите е да го ресетирате уредот. Некои апликации за следење се потпираат на фактот дека никогаш нема да го ресетирате вашиот уред, а овој потег може да се ослободи од тој малициозен софтвер. Антивирус може да биде корисен, но не мора да значи дека сте целосно заштитени.
Најдоброто нешто што можете да направите е да го исклучите вашиот „GPS“ и да го вклучите само кога ви треба. Важно е да го ажурирате уредот кога се достапни нови ажурирања и да ги избришете сите апликации што не се проверени и не се користат.
Ако ништо не функционира, секогаш можете да го вратите уредот на фабрички поставки и да направите „резервна копија“ на сè што ви е важно.