25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle претстави нови Fitbit часовници и паметна нараквица

Google претстави нови Fitbit часовници и паметна нараквица

Google објави три нови уреди за носење од својот бренд Fitbit – два паметни часовници и една фитнес нараквица. Овие уреди, како што коментираше Google за време на презентацијата, ги комбинираат добро познатите алатки на Fitbit за следење на здравјето и фитнес активностите со знаењето на Google. Овие уреди се потенки и уште поудобни, па можете да ги носите цел ден и ноќ и не мора да ги полните секој ден, ги најави новите уреди Fitbit Versu 4, Sense 2 и Inspire 3 директорот на Google.

Sense 2 е најнапредниот паметен часовник на Fitbit. Google вели дека може да издржи повеќе од 6 дена работа со едно полнење на батеријата, а доаѓа со сензори кои можат да препознаат атријална фибрилација, варијабилност на отчукувањата на срцето, температура на кожата итн. Исто така, новитет е сензор кој управува со стресот. Овој паметен часовник може да се нарача однапред за 299 долари и вклучува шестмесечна претплата на услугата Premium.

Во споредба со неговиот претходник, Fitbit Versa 4 е потенок и полесен и доаѓа со физичко копче. Тој носи повеќе од 40 режими за обука, следење статистика во реално време и поддршка за GPS. Може да се нарача и сега за 250 долари и со 6-месечна претплата за услугата Premium.

Новитетот на овие модели, нагласуваат од Engadget, е тоа што на нивните екрани ќе се прикажува turn-by-turn навигација од Google maps, така што нема да имате потреба да користите паметен телефон за навигација.

Fitbit Inspire 3 е нараквица за фитнес на почетно ниво која ќе биде достапна за купување за 100 долари. За тие пари добивате уред кој ги следи фитнес активностите, отчукувањата на срцето, опциите за следење како пулс, спиење, стрес и други, има екран во боја и одлична батерија која би требало да издржи 10 дена работа.

Сите модели се достапни за претходна нарачка сега во САД и ќе започнат со испорака во текот на следниот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП