4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТШест месеци војна: Украина го одбележува Денот на независноста на земјата

Шест месеци војна: Украина го одбележува Денот на независноста на земјата

На денот кога Украинците го слават Денот на независноста на земјата со строги безбедносни мерки поради стравот од руските напади, продолжија непријателствата кои траат веќе шест месеци, а најжестоките борби се водат на истокот и југот на Украина.

„Ќе ги ослободиме сите украински територии окупирани од Русија без никаква отстапка или компромис.Не ни е важно каква војска имате, ние се грижиме само за нашата земја. Ќе се бориме за тоа до крај“, рече украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето последно видео обраќање.

Тој вели дека ќе го врати источниот регион Донбас и Крим, полуостров анектиран од Русија во 2014 година, „без разлика колку е тежок патот“.

„За нас Украина е цела Украина. Сите 25 региони, без никакви отстапки и компромиси, и за тоа нема да се консултираме со други земји“, додава тој.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, еден од најблиските сојузници на рускиот претседател Владимир Путин, исто така и го честиташе Националниот ден на Украина.

Запорожје, Днепар и Харков беа гранатирани во текот на ноќта меѓу вторникот и средата.

Оштетени се шест станбени згради, искршени се прозорците, изјави Анатолиј Куртев, градоначалник на Запорожје.

Според првите податоци, во Запорожје нема жртви.

Воздушната тревога беше на сила во текот на ноќта во областа Дњепропетровск, југоисточниот дел на Украина и најважниот индустриски регион во земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП