26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕнергетскиот пазар експлодира, цената на нафтата повторно близу 100 долари

Енергетскиот пазар експлодира, цената на нафтата повторно близу 100 долари

Цената на барел нафта на лондонскиот пазар утринава расте и изнесува 99 долари, што претставува пораст од околу 2 отсто во однос на вчерашниот ден.

Трговците повторно се фокусираа на оскудната понуда откако Саудиска Арабија навести дека најголемите производители може да стават помалку барели на пазарот.

ОПЕК + има доволно простор за маневрирање за да се справи со предизвиците, вклучително и намалувањето на производството, објави саудиската државна новинска агенција SPA, изјави министерот за енергетика Абдулазиз бин Салман во интервју за Блумберг.

САД најавуваат пад на залихите на сурова нафта? Саудискиот министер нагласи дека веќе нема врска помеѓу физичкиот пазар на нафта и оној каде што нафтата се тргува во фјучерс договори.

Цената на гасот се искачи на 3.300 долари, мегават-час струја надминува 600 евра, јагленот е 420 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП