17 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ181. ден војна во Украина: "Звецкање" на нуклеарни сабји; ЕУ размислува за...

181. ден војна во Украина: “Звецкање” на нуклеарни сабји; ЕУ размислува за формирање мисија за обука на украински војници

Русија побара седница на Советот за безбедност на ОН на која ќе се разговара за ситуацијата околу нуклеарната централа во Запорожје, додека Антонио Гутереш вели дека звецкањето на нуклеарните сабји мора да престане. ЕУ размислува за формирање мисија за обука на украински војници. Руската Федерална служба за безбедност ги обвини украинските специјални служби за убиство на руската новинарка Дарја Дугина.

Врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни објави дека речиси 9.000 украински војници загинале во војната со Русија. Сепак, тој не соопшти детали и не кажа дали во бројот на жртвите се вклучени сите загинати во борбите, како што се граничарите.

Борбите продолжуваат, регистрирани се ракетни напади врз регионот Дњепропетровск, Харков, Никопол, регионот Одеса. Активна беше и противвоздушната одбрана на Севастопол и собори едно беспилотно летало.

Заменик-амбасадорот на Русија во ОН, Дмитри Полјански, побара во вторник навечер да се одржи состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со ситуацијата во нуклеарната централа во Запорожје.

Најголемата европска електрана во Запорожје е под контрола на руските сили од март. Сепак, во последните недели беше на удар на критики, што ги зголеми стравувањата од нуклеарна катастрофа.

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел изјави дека ЕУ ја разгледува можноста за формирање мисија за обука на украински војници во една од соседните земји, што беше осудено од Марија Захарова.

„Европската унија ќе обучува терористи и неонацистички милитанти за режимот во Киев“, изјави портпаролката на руската МСП.

Насловните страници на светските медиуми продолжува да ги окупира убиството на новинарката Дарја Дугина, ќерката на филозофот Александар Дугин.

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) ги обвини украинските специјални служби за убиството, додека советникот на украинскиот претседател Михаил Подољак наведува дека „руската пропаганда живее во измислен свет“.

Украинскиот извоз на земјоделски производи се преполови од почетокот на војната

Извозот на клучните украински земјоделски производи е намален за речиси половина од почетокот на руската офанзива во февруари оваа година во споредба со истиот период во 2021 година, бидејќи борбите ги блокираа пристаништата и оставија огромни количества посеви неожнеани или уништени.

Терехов: Руските сили го гранатираа Харков, нема повредени

Руските сили утринава го гранатираа Харков, објави градоначалникот Игор Терехов.

Првиот документ за безбедносни гаранции за Украина на крајот на август

Првиот документ за меѓународни безбедносни гаранции за Украина би можел да се појави на 29 или 30 август, најави шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП