6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Qualcomm“ ќе направи нов обид за влез на пазарот за серверски процесори

„Qualcomm“ ќе направи нов обид за влез на пазарот за серверски процесори

„Qualcomm Inc.“ прави нов обид да влезе на пазарот на серверски процесори, пишува „Bloomberg“, повикувајќи се на извори запознаени со плановите на американската технолошка компанија.

На овој начин, проиводителот на процесори сака да ја намали зависноста од паметните телефони.

„Qualcomm“ бара клиенти за производ поврзан со минатогодишното купување на стартапот „Nuvia“.

Бизнисот на „Amazon.com Inc“ со „Cloud Services“, еден од најголемите купувачи на серверски процесори, ќе ја разгледа понудата на „Qualcomm“, додаваат изворите, кои сакаа да останат анонимни.

Извршниот директор на компанијата, Кристијано Амон, се обидува да го претвори „Qualcomm“ во силен снабдувач на полупроводници, а не само главен производител на чипови за паметни телефони. Но, претходниот обид на компанијата да влезе на пазарот на сервери се покажа неуспешен. Пред четири години, „Qualcomm“ се обиде да ги намали трошоците и да ги увери инвеститорите откако го одбрани непријателското преземање од „Broadcom Inc“.

Овој пат, „Qualcomm“ ја има „Nuvia“, која вработува развивачи на чипови со искуство во компании како „Apple Inc“. Амон, кој стоеше зад стекнувањето на бизнисот за околу 1,4 милијарди долари во 2021-ва година, вели дека неговата работа ќе помогне да се ревитализираат понудите на паметни телефони од високата класа на „Qualcomm“. Во исто време, „Nuvia“ беше основана како технолошки провајдер за серверската индустрија.

Пазарот на облачна инфраструктура – вид на опрема што „Amazon“, „Google“ и „Microsoft Corp“ ја користат за дистрибуција на податоци низ светот – генерираше 73,9 милијарди долари минатата година, проценува консултантската компанија „IDC“. Ова претставува зголемување од 8,8% во однос на 2020-та година.

За „Qualcomm“, успешниот влез на пазарот на серверски процесори ќе му помогне да се воспостави во производи кои обично чинат повеќе. Тековните телефонски понуди на компанијата обично се со цена од десетици долари. Процесорите на серверот може да чинат стотици долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП