23 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕИстражувањата откриваат: Речиси половина од ракот се предизвикани од причини што може...

Истражувањата откриваат: Речиси половина од ракот се предизвикани од причини што може да се спречат

Речиси половина од смртните случаи од рак во светот се поврзани со фактори кои може да се избегнат како што се пушењето, консумирањето алкохол, незаштитен секс и дебелината, пишуваат научниците. Тие анализирале податоци од околу 10 милиони луѓе кои починале од 23 типа на рак во 2019 година.

Надворешните фактори биле причина за болеста кај 4,45 милиони смртни случаи или 44,4 отсто од нив.

„Оваа студија покажува дека товарот на ракот останува важен предизвик за јавното здравје, чија големина се зголемува ширум светот“, рече Кристофер Мареј од Универзитетот во Вашингтон, коавтор на студијата.

Најчести причини за рак се пушењето (околу 36 проценти од случаите), консумирањето алкохол (околу 7 проценти), сексуално преносливите болести (6,5 проценти) и дебелината (околу 4,2 проценти кај мажите и 5,2 проценти кај жените). Во 2018 година, повеќе од 2 милиони случаи на рак биле поврзани со инфекции како што се Helicobacter pylori, хепатитис и ХПВ. Студијата исто така покажа дека ризикот од смрт од рак поради надворешни фактори е поголем кај мажите (во 50,6 проценти од случаите) отколку кај жените (36,3 проценти).

„Главната порака на ова истражување е јасна: значителен број на карциноми, веројатно повеќето од нив кога станува збор за инфекции, може да се спречат“, пишуваат научниците во „Лансет“.

Написот нагласува како превенцијата од рак има и финансиски ефект: инвестирањето до 100 милиони долари во превенција резултира со заштеда од 100 милијарди долари во трошоците за лекување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП