сабота, 1 октомври 2022
ПочетнаКОМПАНИИ„Alphabet“ е најголемиот инвеститор во криптовалути и блокчејн во светот

„Alphabet“ е најголемиот инвеститор во криптовалути и блокчејн во светот

„Alphabet“, матичната компанија на американскиот технолошки гигант „Google“, е најголемиот инвеститор во криптовалути и блокчејн во светот, според студијата на аналитичката компанија „Blockdata Tech“ која ги опфаќа 100-те најголеми котирани компании кои влегле во блокчејн екосистемот помеѓу септември 2021-ва и јули 2022-ра година.

Инвестициите на „Alphabet“ се вредни 1,5 милијарди долари во криптовалути и блокчејн, преку зголемување на капиталот во четири компании – „Fireblocks“, „Dapper Labs“, „Voltage“ и „Digital Currency Group“.

На почетокот на годината, „Google“ создаде блокчејн поделба на чело со Шивакумар Венкатараман, потпретседател за инженерство на технолошкиот гигант, објави „BFMTV“.

На второ место по „Google“ е американскиот финансиски гигант „Blackrock“, кој инвестираше 1,2 милијарди долари во американската платформа за тргување со криптовалути „FTX“ и во „Circle“.

На трето место е американската банка „Morgan Stanley“, која потрошила 1,1 милијарди долари на вакви инвестиции во блокчејн и криптовалути.

Најмногу операции во овој период реализирал јужнокорејски „Samsung“ – вкупно 13, во 13 различни компании, со инвестиции од 980 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП