25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПродажбата на „Carlsberg“ ги надмина нивоата пред пандемијата

Продажбата на „Carlsberg“ ги надмина нивоата пред пандемијата

Производителот на пивото „Carlsberg“ ги надмина очекувањата за приходите и профитот во првата половина, откако неговите приходи од продажба се искачија над нивото пред пандемијата и покрај повисоките трошоци за производство и војната во Украина, објави „Bloomberg“.

Данската компанија соопшти дека нејзиниот приход за првата половина од годината пораснал на 35,45 милијарди дански круни (4,8 милијарди долари), надминувајќи ја консензуалната прогноза на аналитичарите од 33,97 милијарди круни.

„Carlsberg“ рече дека подготовките за продажба на руските средства напредуваат добро.

Компанијата ја зголеми прогнозата за профитот за 2022-ра година претходно овој месец, откако објави подобра продажба на пиво во Азија и Европа, што успеа да ги надомести повисоките трошоци за енергија и суровини.

Иако пиварницата „Tuborg“ ги надмина консензуалните проценки за приспособена добивка, таа објави нето загуба од 5,28 милијарди круни за периодот, за што го обвини отписот од бизнисите во Русија, Украина и Централна и Источна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП