26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТелефоните официјално почнаа да го добиваат „Android 13“

Телефоните официјално почнаа да го добиваат „Android 13“

По долги најави и бета тестирања, чистата верзија на новиот оперативен систем на „Google“, „Android 13“, пристигна на актуелните мобилни телефони „Pixel“ и донесе неколку интересни подобрувања.

Во однос на изгледот, најголемата промена се однесува на опцијата „Material You“, чиј механизам за создавање теми сега поддржува икони за апликации од трети страни. Ажурираниот медиа плеер автоматски го менува својот изглед врз основа на музиката или објавата што ја слушате.

„Android 13“ им овозможува на корисниците да го приспособат јазикот на апликациите, во смисла дека ќе биде можно да се постави посебен јазик за повеќето апликации, независно од јазикот на системот и другите апликации.

Режимот „Време за спиење“ станува поприспособлив со затемнување на заднината и темна тема.

Кога станува збор за некои поставки за приватност и безбедност, апликациите веќе нема да пристапуваат до целата ваша медиумска содржина за споделување само една фотографија.

Понатаму, историјата на таблата со исечоци автоматски се брише „по одреден временски период“ ако копирате чувствителни податоци како вашата е-пошта, телефонски број итн. Самите апликации ќе мора експлицитно да бараат од корисниците да им дозволат да испраќаат известувања, наместо стандардно да ја имаат таа опција.

Просторното аудио сега е поддржано на „Android“, под услов да имате специјални слушалки. Поддржано е и „Bluetooth LE Audio“, но ќе ви требаат додатоци и за оваа функција.

Има и поддршка за „HDR“ видео на апликации за камера од трети страни во „Android 13“, нов прекинувач за менување на аудио излезот. Дополнително, наскоро ќе можете да копирате содржини како URL-адреси, фотографии и текст од „Android“ телефонот, на „Android“ таблетот и обратно.

„Google“ објави дека ажурирањето треба да биде достапно почнувајќи од денес, за поддржаните телефони „Pixel“ (корисниците на серијата „Pixel 6“ веќе известуваат дека го примаат ажурирањето), како и телефоните од „Samsung“, „Asus“, „HMD Global“, „iQOO“, „Motorola“, „OnePlus“, „Oppo“, „Realme“, „Sharp“, „Sony“, „Tecno“, „Vivo“, „Xiaomi“ и други.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП