26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на „Reebok“ го купи модниот синџир „Ted Baker“

Сопственикот на „Reebok“ го купи модниот синџир „Ted Baker“

„Authentic Brand Group“ (ABG), малопродажниот конгломерат кој поседува бизниси како „Reebok“, „Forever 21“ и „Juicy Couture“, склучи договор за купување на британскиот моден синџир „Ted Baker“ за 211 милиони фунти (254 милиони долари), пренесува „CNBC“.

Вредноста на договорот, кој вклучува плаќање на 110 пени во готовина за секоја акција на „Ted Baker“, претставува премија од скоро 18% од цената по која акциите се затворија во понеделникот. Компанијата котира на Лондонската берза.

„Ted Baker“ рече дека неговиот одбор едногласно ќе препорача акционерите да гласаат за договорот.

По завршувањето, „ABG“ рече дека планира да го префрли бизнисот на „Ted Baker“ во холдинг компанија која ќе продолжи да биде контролирана од „ABG“, плус една или повеќе оперативни компании кои ќе управуваат со продавниците на брендот, онлајн операциите и бизнисот на големо.

„ABG“, исто така, рече дека ќе ги разгледа опциите за пренесување на дел или на целата сопственост и контрола на целите или некои од овие одделни оперативни компании на други партнери.

Денешните вести ставаат крај на повеќемесечните шпекулации за иднината на британскиот моден ланец, кој беше принуден да го стави својот бизнис на продажба на почетокот на оваа година поради тешкотиите поврзани со пандемијата.

„Ted Baker“ отфрли неколку понуди од приватната компанија „Sycamore Partners“ пред да започне сопствен процес на продажба. „АBG“, исто така, во еден момент беше во преговори за купување на „Ted Baker“, но се повлече.

Основачот и извршен директор на „ABG“, Џејми Салтер рече дека брендот „Ted Baker“ е „високо ценет“ од потрошувачите ширум светот.

„Возбудени сме што ќе ги изградиме глобалните основи на брендот преку бизнис модел фокусиран на лиценцирање, малопродажба, дигитални и стратешки маркетинг партнерства“, коментира тој.

„Ted Baker“, исто така, е во процес на пресврт на својот бизнис и се надева дека ќе профитира од континуираната побарувачка за луксузни стоки, и покрај тоа што инфлацијата ја задржува и потрошувачите трошат помалку на несуштинските производи.

Силните перформанси во луксузната малопродажба доведоа до повеќе активности за спојување и превземања во секторот, при што британските компании станаа подостапни за странските купувачи поради слабоста на фунтата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП