28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Walmart“ успеа да ги надмине очекувањата за профит и покрај инфлацијата

„Walmart“ успеа да ги надмине очекувањата за профит и покрај инфлацијата

Американскиот синџир супермаркети „Walmart“ ги победи очекувањата за профитот на „Wall Street“ за вториот квартал и малку ја зголеми прогнозата за целата година, сигнализирајќи дека го стабилизира својот бизнис откако ја намали прогнозата пред три недели, објави „Bloomberg“.

Прилагодената заработка достигна 1,77 долари по акција во вториот квартал, објави „Walmart“ во вторникот, надминувајќи ја просечната проценка на аналитичарите од 1,63 долари по акција, составена од „Bloomberg“. Заработката по акција севкупно ќе падне за не повеќе од 11% во оваа година, во однос на минатомесечното предупредување за пад до 13%.

„Walmart“ се обидува да ја надмине промената во навиките на потрошувачите бидејќи инфлацијата ги принудува потрошувачите да плаќаат повеќе за основните добра. Тоа остава помалку пари за општи набавки на стоки, кои обично се попрофитабилни за „Walmart“ од намирниците. Во исто време, ја принудува компанијата да ги намали цените на облеката и другите стоки за да се справи со прекумерните залихи.

„Активностите што ги презедовме за да ги подобриме нивоата на залихи во САД, заедно со посилниот микс од продажбата на намирници, вршат притисок врз нашата профитна маржа во вториот квартал и нашите изгледи за годината“, рече извршниот директор на „Walmart“, Даг Мекмилам во изјавата .

„Постигнавме добар напредок во текот на кварталот за оперативно да ги подобриме трошоците за синџирот на снабдување и таа работа продолжува“, додаде тој.

Акциите на „Walmart“ пораснаа за 3,8% во предмаркетното тргување во Њујорк. Акцијата е намалена за 8,4% на годишно ниво, надминувајќи го падот од 1,6% на индексот на „S&P“ за потрошувачки производи.

Продажбата на синџирот се зголеми за 8,4 отсто на годишно ниво на 152,9 милијарди долари во фискалниот втор квартал, кој заврши на 21-ви јули, соопшти „Walmart“. Аналитичарите очекуваа 151,1 милијарди долари.

Инвентарот на компанијата со седиште во Бентонвил, Арканзас се зголеми за 25% на годишно ниво на 59,9 милијарди долари.

Минатомесечното предупредување за добивката беше второто намалување на годишната прогноза на компанијата. Во мај, „Walmart“ рече дека заработката по акција ќе падне за околу 1%. Во февруари компанијата очекуваше скромно зголемување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП