20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНајпознатата бебешка пудра во светот повеќе нема да се продава

Најпознатата бебешка пудра во светот повеќе нема да се продава

Бебешката пудра „Johnson & Johnson“, од компанијата „Johnson & Johnson“, со децении се користи ширум светот за нега на бебиња. Нејзината улога е да ја апсорбира вишокот течност, така што кожата останува сува во текот на денот, но особено во последно време е проследена со разни контроверзии.

И покрај подобрувањето на формулациите и почитувањето на стандардот „Best for Baby™“, американскиот фармацевтски гигант веќе плати околу 3,5 милијарди долари за порамнување поради овој производ до крајот на 2021-ва година – врз основа на тужби од граѓаните, поради штетноста на неговиот талк за бебињата.

Во тужбите се наведува дека производите на „J&J“ содржат азбест што предизвикува рак. Најголем дел од тужбите се за рак на јајниците и мезотелиом. „Johnson & Johnson“ со години ја негираа врската меѓу нивниот талк и ракот, но сега се чини дека достигна точка на пресврт.

Имено, како што пишува „ВВС“, компанијата од следната година ќе престане да ја произведува и продава својата позната пудра за бебиња, ширум светот. Оваа објава доаѓа по повеќе од две години откако гигантот престана да продава пудра во прав во САД.

Но, компанијата го повтори својот став за случајот, велејќи дека децениите независно истражување покажуваат дека производот е безбеден за употреба.

„Како дел од светската проценка на портфолиото, донесовме комерцијална одлука да се префрлиме на портфолио на пудри за бебиња на база на пченкарен скроб“, се вели во соопштението од компанијата.

„J&J“ додава дека бебешката пудра на база на пченкарен скроб веќе се продава во земјите низ светот.

Сепак…

„Нашиот став за безбедноста на нашиот козметички талк останува непроменет. Ние цврсто стоиме зад децениските независни научни анализи од медицински експерти ширум светот кои потврдуваат дека пудрата за бебиња базирана на талк „Johnson“ е безбедна, без азбест и без рак“, велат од групацијата.

Уште еднаш, „J&J“ во 2020-та година соопшти дека ќе престане да продава бебешка пудра на база на талк во САД и Канада, бидејќи побарувачката е намалена поради, како што велат, „дезинформациите“ поврзани со безбедноста на производите. Во тоа време, компанијата рече дека ќе продолжи да го продава прашокот во Велика Британија и остатокот од светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП