8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНафтениот гигант го собори сопствениот рекорден профит

Нафтениот гигант го собори сопствениот рекорден профит

Саудискиот нафтен гигант Арамко го урна сопствениот рекорден профит бидејќи во вториот квартал од оваа година заработи 48 милијарди долари.

Ова е зголемување од 90 отсто во однос на истиот период минатата година и претставува највисока нето добивка на најголемиот светски извозник на нафта од 2019 година.

Истовремено, нето добивката на компанијата во првата половина од годината се зголеми на 87,9 милијарди долари.

Конфликтот меѓу Русија и Украина предизвика голем скок на цените на нафтата и гасот, потсетува Би-Би-Си.

Русија е еден од најголемите извозници, но западните земји се обидуваат да ја намалат зависноста од руските извори на енергија.

Покрај рекордната добивка, Арамко најави и дека ќе ги задржи дивидендите непроменети на 18,8 милијарди за третиот квартал.

Компанијата, исто така, најавува дека ќе продолжи да го зголемува производството за да ја задоволи побарувачката.

„Иако нестабилноста на глобалниот пазар и економската несигурност остануваат, настаните во првата половина од годината го поддржуваат нашиот став дека тековните инвестиции во нашата индустрија се од суштинско значење за да се обезбеди пазарите да останат добро снабдени и да се олесни уредната енергетска транзиција“, рече претседателот на Арамко и извршен директор Амин Насер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП