16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„E.On“ го намали вреднувањето на својот удел во „Северен тек“

„E.On“ го намали вреднувањето на својот удел во „Северен тек“

Германскиот „E.On“ – најголемиот оператор на енергетски мрежи во Европа, ја намали проценката на својот удел во „Северен тек“ поради неизвесноста околу иднината на проектот, се наведува во публикацијата на веб-страницата на компанијата.

Енергетскиот гигант поседува 15,5 отсто од гасоводот преку својот пензиски фонд, кој во март беше вреден 1,2 милијарди евра. Сега „E.On“ го проценува својот удел во проектот на 700 милиони евра.

Уште во март, компанијата предупреди дека вредноста на средствата може да се ревидира. Мнозински сопственик на гасоводот е „Газпром“ (51 отсто), а удел во проектот имаат и германската „Wintershall Dea“, холандската „Gasunie“ и француската „Engie“.

„Актуелната енергетска криза конечно и покажа на Европа дека ни треба промена на парадигмата“, се вели во соопштението на извршниот директор на компанијата Леонард Бирнбаум.

„Да бидеме независни од рускиот гас, да ја гарантираме безбедноста на снабдувањето“, посочува тој и додава дека зелената транзиција мора да продолжи „со уште поголема решителност“.

„E.On“, исто така, објави намалување на добивката за половина година за 15% на нешто повеќе од 4 милијарди евра. Намалена е и добивката за вториот квартал – на 1,43 милијарди евра, наспроти 1,75 милијарди евра една година порано. Ова се должи на поблагите временски услови и зголемените трошоци за одржување на мрежата во Шведска и во Источна и Централна Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП