28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ170. ден војна во Украина: Гранати во Запорожје, Зеленски повика на технолошка...

170. ден војна во Украина: Гранати во Запорожје, Зеленски повика на технолошка изолација на Русија

Борбени операции околу Харков и регионот Дњепропетровск. Повторно паднаа гранати околу нуклеарната централа Запорожје, меѓусебни обвинувања за одговорност од двете страни. Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на технолошка изолација на Русија.

Градоначалникот на Харков тврди дека руски гранати паднале на станбени згради. Според началникот на регионот Дњепропетровск, Валентин Резниченко, во гранатирањето загинале три лица, додека девет се повредени.

Руската и украинската страна разменија обвинувања за гранатирањето на нуклеарната централа Запорожје. Локалната воена администрација контролирана од Москва објави дека украинската армија двапати ја гранатирала нуклеарната централа.

Од друга страна, украинската државна компанија „Енергоатом“ тврди дека атомскиот комплекс во Запорожје бил нападнат од руски сили.

Постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации Василиј Небензја на седницата на Советот за безбедност на ОН изјави дека „криминалните дејствија на Киев во врска со нуклеарната централа Запорожје го туркаат светот на работ на нуклеарна катастрофа“.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика на повлекување на воениот персонал и опрема од нуклеарната централа. Тој ги повика Русија и Украина да престанат со гранатирање на персоналот или околината на објектот.

Маријано Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) предложи лично да води тим од експерти во таа нуклеарна централа.

„Украина има за цел пред зимата да евакуира две третини од населението од деловите на регионот Долјецк кој го контролира, меѓу другото, поради загриженост дека луѓето нема да можат да обезбедат греење поради оштетената инфраструктура од војната“, изјави Ирина Верешчук, украинската вицепремиерка.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Западот да воведе технолошко ембарго на Москва во форма на целосно суспендирање на снабдувањето со резервни делови неопходни за рускиот воено-индустриски комплекс.

Западните земји ветија дека ќе одвојат повеќе од 1,5 милијарди евра за зајакнување на воените капацитети на Украина во војната против Русија, изјави данскиот министер за одбрана Мортен Бодсков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП