14 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Palantir“ ја намали својата годишна прогноза за приходите

„Palantir“ ја намали својата годишна прогноза за приходите

Софтверската компанија за анализа на податоци „Palantir Technologies“ ја намали својата прогноза за приходите за целата година под очекувањата на пазарот, откако пријави изненадувачка квартална загуба. Веста ја намали цената на нејзините акции за 15%.

Гигантот мораше да ја намали својата прогноза бидејќи времето на некои владини договори остана нејасно, рече извршниот директор Александар Карп, нарекувајќи ја неизвесноста „полудувачка“.

Големиот износ на средства според овој тип на договори и долгата процедура за набавка ги прават договорите особено непредвидливи, коментира главниот финансиски директор Дејвид Глејзер. Во меѓувреме, компанијата, исто така, предвиде приходи за третиот квартал кои се под очекувањата на Волстрит.

„Palantir“ беше ко-основан од милијардерот претприемач Питер Тиел во 2003-та година за да им помогне на американските антитерористички операции, но оттогаш го диверзифицираше својот бизнис комерцијално и сега речиси половина од продажбата ги генерира од приватниот сектор.

Но, меѓународниот бизнис на компанијата, кој сочинува околу 40 отсто од приходите од продажба, беше погоден од странските валути, рече Глејзер.

Риши Џалурија од „RBC Capital Markets“ коментира дека можеби е тешко за „Palantir“ да склучи големи зделки со долги корпоративни продажни циклуси бидејќи фирмите сè повеќе ги ревидираат своите ИТ буџети поради макро несигурноста.

„Palantir“ очекува неговиот вкупен приход за целата година да биде помеѓу 1,9 милијарди долари и 1,902 милијарди долари, што претставува раст од 23%. За споредба, претходно очекуваше 30% и повеќе. Аналитичарите предвидуваа 1,96 милијарди приходи.

На приспособена основа, компанијата загуби 1 цент по акција во вториот квартал, делумно поради инвестициите на „Palantir“ во компании за специјална намена (SPAC), рече Глејзер. Просечната прогноза на аналитичарите беше за заработка од 3 центи по акција, покажуваат податоците на „Refinitiv“.

Кварталните приходи се зголемија за 26% до 473 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП