5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАССМ: Вредноста на минималната синдикална кошничка во јули 2022 е 47.042 денара

ССМ: Вредноста на минималната синдикална кошничка во јули 2022 е 47.042 денара

Вредноста на синдикалната минимална кошница со вклучена инфлација (трошоци за живот) за јули изнесува 47.042,00 денара и не може да ја покријат ниту семејствата каде што има двајца вработени, од кои имаат примања во висина на просечна плата и една минимална плата.

Истовремено, имајќи предвид дека инфлацијата од 16 % ја обезвреднува вредноста на платите и од тука износот од 18.000 денари колку што изнесува минималната плата во Македонија има реална вредност од 15.120 денари, а износот на просечната нето-плата од 31.525 денари има реална вредност од 26.481 денар, со што значително е осиромашен македонскиот работник и граѓанин.

Аларматно е тоа што погрешните владините мерки и политики за 5 месеци од зголемувањето на минималната плата на 18.000 денари, повторно ѝ ја вратија вредноста на нивото пред март 2022 година, односно со една минимална плата работниците да може да си дозволат само леб и вода (исхрана и пијалаци) во согласност со синдикалната минимална кошница, што како трошок за јули 2022 година изнесувал 17.842,91 денара, или Владата во март под притисок на ССМ направи еден чекор напред кон подобрување на стандардот на најзагрозената категорија работници, а во јули, по сопствено убедување и неприфаќање на предлозите на ССМ, направи пет чекори назад кон загрозување на егзистенцијата на работниците со најниски примања.

Доколку Владата ги прифатеше барањата на работниците и ССМ за усогласување на платите во согласност со порастот на минималната плата за 2.806 денари уште во мај, денеска ќе беше амортизирана инфлацијата. која ги обезвреднува платите, но. за жал. поради лошите политики на Министерството за финансии и министерот Бесими, а против кои се работниците, а веќе и работодаваците и експертската јавност се против, тој ги остава на работ на егзистенцијата работниците, бизнисите и граѓаните на Македонија.

На работниците им се потребни итни усогласувања на платите за амортизирање на инфлаторниот удар, а тоа значи Владата да ги усогласи платите за 18,4 % до септември во согласност со законот, а во спротивно, како што Владата ги казнува работниците, така работниците ќе ја казнат Владата, а тоа се однесува и на работодавците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП