29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ167. ден војна во Украина: Напнатo поради нуклеарната централа во Запорожје, Америка...

167. ден војна во Украина: Напнатo поради нуклеарната централа во Запорожје, Америка испраќа уште една милијарда долари воена помош за Украина

Ситуацијата околу најголемата европска нуклеарна централа во Запорожје се уште е тензична, а Америка одлучи да испрати дополнителни милијарда долари воена помош за Украина.

Додека траат непријателствата, во отцепените области на Украина под контрола на проруските сили се подготвува референдум за присоединување кон Русија.

Јевхен Балицки, шефот на администрацијата на регионот Запорожје, кој беше формиран од руската армија на окупираните територии, потпиша указ за подготовки за референдум за „повторно обединување со Русија“.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека „доколку има референдум за окупираните територии, тогаш нема да има преговори со Русија“.

Во интервју за „Вашингтон пост“, Зеленски ги повика западните земји да го забранат влезот на сите Руси со цел да се влијае на запирање на војната.

САД го одобрија новиот, 18-ти пакет воена помош за Украина во вредност од милијарда долари.

Украина ќе добие муниција за системите ХИМАРС, артилериски парчиња и минофрлачи, противтенковски системи копје и АТ4, оклопни амбулантни возила, експлозиви Ц-4, како и медицинска опрема.

Севкупно, од почетокот на претседателствувањето на Џозеф Бајден, Соединетите Држави обезбедија околу 9,8 милијарди долари воена помош за Украина, се вели во соопштението на државниот секретар Ентони Блинкен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП