21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Siemens Energy“ очекува поголема загуба поради Русија

„Siemens Energy“ очекува поголема загуба поради Русија

„Siemens Energy“ соопшти дека предвидува поголема загуба од очекуваната за 2022-ра година поради трошоците од околу 200 милиони евра поврзани со реструктуирање на нејзините операции во Русија.

Германската компанија, која ги одржува турбините на компресорската станица Портоваја на гасоводот Северен тек 1, вели дека нејзината нето годишна загуба ќе ја надмине загубата во 2021-ва година (560 милиони евра) поради овој трошок, претставен како извонредна ставка.

„Siemens Energy“, единица на „Siemens“ со мнозински удел во производителот на ветерни турбини „Siemens Gamesa“, досега прогнозираше дека годишната загуба ќе одговара на минатогодишната.

Компанијата исто така нагласи дека резултатите на „Siemens Gamesa“ извршиле притисок врз нејзините резултати.

Групацијата во март објави дека ќе ја прекине секоја нова активност во Русија поради инвазијата на Украина, прецизирајќи дека нејзината продажба во таа земја е многу мал процент од нејзиниот вкупен промет од 28,48 милијарди евра.

„Siemens Energy“ го објави почетокот на повлекувањето на своите средства од Русија, што се очекува да биде завршено наесен, пренесе ТАСС.

Во третиот квартал од својата финансиска година (април-јуни), компанијата го започна со реструктуирање на својот бизнис во Русија, се вели во соопштението на „Siemens Energy“, во кое се посочува дека само во третиот квартал нејзините загуби во сегментот гас и енергија од излезот од Русија е околу 200 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП