2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗима во Европа - пролет за Путин: Волстрит журнал наведува дека започнува...

Зима во Европа – пролет за Путин: Волстрит журнал наведува дека започнува битката меѓу Европа и Азија за рускиот гас

Во следните месеци Европа најверојатно ќе мора да се натпреварува со Азија за руски течен природен гас, пишува „Волстрит журнал“, пренесува РИА Новости.

Според авторите на публикацијата, ситуацијата за земјите од ЕУ ќе се влоши со приближување на зимата.

-Дури и руските испораки на ЛНГ може да бидат нарушени. Економското закрепнување во Кина по изолацијата поради коронавирусот или студената зима во Азија ќе стане изговор за борбата против Европа за извоз на ЛНГ, што ќе доведе до дополнително зголемување на цените, се наведува во написот.

Изданието смета дека влошувањето на животниот стандард на Европејците може да влијае на нивната непоколеблива поддршка за Украина, а на власт може да дојдат владите во земјите на ЕУ кои ќе ја уништат западната коалиција.

-Високите цени на енергенсите влијаат на европската економија и предизвикуваат потешкотии кои ќе доведат до јавни немири, а луѓето ќе почнат да гласаат со празни паричници, го опиша сценариото ВСЈ.

Европскиот пазар на гас доживеа колапс минатата година, поттикнат од тесната понуда од главните добавувачи, ниските нивоа на подземен капацитет за складирање гас и силната побарувачка за течен природен гас (LNG) во Азија.

Сега, Европа се уште е под притисок поради постојаните тензии околу испораките од Русија. Извозот на руски гас се намали по почетокот на воената специјална операција во Украина: снабдувањето преку Северен тек и преку украинскиот систем за транспорт на гас значително се намали, а преку Јамал целосно запре.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП