24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ започна проект за самопоправка на телефони

„Samsung“ започна проект за самопоправка на телефони

„Samsung“ и „iFixit“ конечно ја започнаа својата програма за самопоправка (self-repair), која им овозможува на сопствениците на одредени телефонски линии да купуваат резервни делови.

Првичната најава за оваа програма ја имавме на крајот на март, но тогаш не беа познати премногу детали. Сега знаеме дека проектот за самопоправка е достапен за телефоните „Galaxy S20“ и „S21“, како и таблетот „Tab S7 Plus“.

Корисниците ќе имаат можност да купат алатки, додатоци и делови за поправка на екранот и батеријата, приклучокот за полнење и задното стакло (посебните батерии не се вклучени во пакетот). Обезбеден е и бесплатен пристап до онлајн водичи за поправка.

Кога станува збор за цените на деловите, тие се во голема мера исти за моделите „Samsung Galaxy S20“ и „Galaxy S21“. Приклучокот за полнење чини 66,99 долари, додека заменливото стакло на задната страна е по цена од 76,99 долари (за основниот модел „S21“, цената е 66,99 долари).

Цената на комплетот за екранот и батеријата зависи од моделот, така што најевтиниот комплет е за „Samsung Galaxy S21“ (167,99 долари), а најскапиот е за „Samsung Galaxy S21 Ultra“ (239,99 долари).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП