29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија се наоѓа на 78. место на листата на најбогати земји во...

Македонија се наоѓа на 78. место на листата на најбогати земји во светот

Дали повеќе би сакале да бидете богати во сиромашна земја или сиромашни во богата? Да се ​​измери колку е богата земјата не е така лесно (не се работи само за БДП). Мерењето колку сте богат во голема мера зависи од тоа како се дефинираат богатите и сиромашните земји, пишува магазинот Global Finance, кој ја рангираше Македонија на 78-то место во своето истражување за „Најбогатите и најсиромашните земји во светот“.

Според таа листа, најбогати земји во светот се Луксембург, Сингапур, Ирска и Катар. Најсиромашни се Сирија, Авганистан, Либан и Украина.

Гледајќи го регионот, Хрватска е на 53-то место, Црна Гора на 69-то место, Србија на 72-то место, Босна и Херцеговина на 88-то место, а Албанија на 92-то место.

„Ако едноставно го земеме предвид бруто домашниот производ на една земја – збирот на сите добра и услуги произведени од земјата во текот на една година – тогаш ќе треба да заклучиме дека најбогатите нации се токму оние со највисок БДП: САД, Кина, Јапонија и Германија. Но, како би можеле некогаш економиите на, на пример, Сингапур или Луксембург да се израмнат со економиите на толку моќни структури кога тие се само мали точки на светската мапа“, пишува гореспоменатиот магазин.

Друг проблем со БДП е, како што пишува „Глобал Фајнанс“, што не ја мери распределбата на богатството.

„Затоа, попрецизното претставување на условите за живеење на луѓето започнува со делење на националниот БДП со бројот на луѓе кои живеат таму: БДП по глава на жител и неговата стапка на раст ни кажуваат многу повеќе за општественото богатство што е потенцијално достапно за секој човек и дали ова богатство се зголемува или намалува со текот на времето“, се наведува во текстот.

Целата листа е достапна на овој линк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП