30 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАGoogle објави нова верзија на Chrome и издаде важно предупредување до корисниците

Google објави нова верзија на Chrome и издаде важно предупредување до корисниците

Google објави ново ажурирање за својот прелистувач Chrome кој се справува со дури 27 безбедносни пропусти и недостатоци. Тие им порачаа на корисниците дека ова ажурирање, кое ја носи постоечката верзија на Chrome до верзијата 104, не треба да се игнорира.

Како што наведоа, ажурирањето (а потоа и безбедносните закрпи) се однесуваат на сите корисници на Chrome, без разлика на уредот и оперативниот систем што го користат. Според некои проценки, околу 3,2 милијарди корисници користат Chrome за сурфање на интернет.

Иако ниту една од 27-те закрпи не е означена како „критична“, дури седум од нив се означени како „високи“, што значи дека можат да се користат за напад на корисници. Колку се сериозни можеби најдобро говори фактот дека Google платил 43.000 долари на луѓето кои ги откриле и пријавиле.

Google изјави дека Chrome автоматски ќе се ажурира на новата верзија, но може да поминат неколку недели пред автоматското ажурирање да стигне до сите корисници. Затоа, тие ги советуваат корисниците рачно да го ажурираат својот прелистувач што е можно поскоро.

За да проверат која верзија на прелистувачот Chrome ја користат и да ја ажурираат на најновата верзија, корисниците на компјутер треба да го стартуваат Chrome и да кликнат на менито (три точки) во горниот десен агол и да ја изберат категоријата Help и потоа About Google Chrome. Ова автоматски ќе започне со проверка за понова верзија на Google Chrome и, доколку е така, ќе ја ажурира.

За корисниците кои го користат на мобилни уреди, најлесниот начин за ажурирање е со проверка на достапните ажурирања во продавницата за апликации на уредот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП