4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусија обвини: „Америка е директно замешана во војната“

Русија обвини: „Америка е директно замешана во војната“

Русија тврди дека САД се „директно вклучени“ во војната во Украина.

Улогата на американската разузнавачка служба се најде под лупа откако Русија ја обвини Белата куќа дека обезбедува разузнавачки информации кои Киев ги користи за да изврши ракетни напади со долг дострел, пишува лондонски Гардијан.

Руското Министерство за одбрана тврди дека Вашингтон е „директно вклучен“ во војната и дека пренел разузнавачки информации што довеле до „масивни цивилни жртви“.

„САД се одговорни за украинските ракетни напади врз населени области во источен Донбас и други региони. Ова непобитно докажува дека Вашингтон, спротивно на тврдењата на Белата куќа и Пентагон, е директно вклучен во конфликтот во Украина“, рече руската одбрана.

Администрацијата на Бајден досега даде повеќе од 8 милијарди долари воена помош за Украина, вклучително и дополнителна транша од 550 милиони долари објавена вчера, иако Вашингтон категорично негира дека е вклучен во конфликтот или дека е во војна со Русија.

Коментарите на Кремљ уследија по интервјуто дадено за Телеграф од Вадим Скибицки, вршител на должноста заменик-шеф на воената разузнавачка служба на Украина.

Тој рече дека артилериските системи со долг дострел HIMARS, произведени во САД, се исклучително ефикасни во уништувањето на руските складишта за гориво и муниција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП