29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНовиот „Ford Mustang“ пристигнува уште порано

Новиот „Ford Mustang“ пристигнува уште порано

Седмата генерација на иконското пони би можело да дебитира во Детроит во септември.

Најновата вест е дека новиот „Ford Mustang S650“ би можел да го има своето деби на северноамериканскиот меѓународен саем за автомобили во Детроит во 2022-ра година. Годинава саемот ќе се одржи од 17-ти до 25-ти септември. Последниот саем се одржа пред пандемијата на коронавирус во 2019-та година.

„Mustang“ ја започна својата долга историја на 17-ти април 1964-та година, кога беше претставено неговото прво возило. Затоа, се вели и дека седмата генерација на „Ford“ ќе ја има својата премиера на 59-годишнината од автомобилот – 2023-та година.

Сепак, „Automotive News“ има други информации. Лице запознаено со плановите на „Ford“ известува дека најновиот „Mustang“ ќе биде претставен во септември во американската автомобилска мека – Детроит.

Најновата верзија на „Mustang“ треба да ги преземе верзиите на моторот од неговиот претходник. Тоа значи дека покрај моторите со четири и шест цилиндри, постои можност на задоволство на љубителите на автомобили, да го задржи и V8 моторот. Се шпекулира и за хибридна верзија на „Mustang“, а првите изјави на „Ford“ за новата генерација сугерираат дека ќе остане опција со мануелен менувач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП