12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрод натоварен со житарици замина од Одеса

Брод натоварен со житарици замина од Одеса

Брод натоварен со украински житарици го напушти денеска украинското пристаниште Одеса, јави Си-Ен-Ен Турк.

Турското Министерство за одбрана се уште не ја потврди информацијата, пренесе руската новинска агенција ТАСС.

Претходно, турското Министерство за одбрана, повикувајќи се на Заедничкиот координативен центар во Истанбул, објави дека првиот брод што ќе ја напушти Одеса по блокадата на украинските пристаништа на Црното Море ќе биде товарен брод од Сиера Леоне кој оди за Либан.

Поаѓањето беше планирано за 8:30 по локално време, односно 7:30 по средноевропско време.

На 22 јули, Москва и Киев потпишаа посебни договори со Турција и Обединетите нации, кои создадоа услови за деблокирање на извозот на украинското жито.

Договорено е да се извезат околу 22 милиони тони жито и друга земјоделска стока од црноморските пристаништа во Украина.

Како дел од договорот, на Русија и е дозволено да извезува житарки и вештачки ѓубрива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП