20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНикогаш помалку отпуштања во Германија: недостаток на работници, задржување на персоналот приоритет

Никогаш помалку отпуштања во Германија: недостаток на работници, задржување на персоналот приоритет

Многу компании во Германија очајно бараат вработени, но не можат да ги најдат.

По кризата со корона, многу компании во Германија сега се соочуваат со недостиг од работници.

Недостигот од кадар се должеше на фактот што некои компании вработуваа помалку работници за време на кризата. Некои беа принудени на тоа, а некои решија самите да отпуштат дел од работниците.

Затоа денес во Германија, според експертите, има недостиг од работници во сите индустрии. Недостигот од работници е видлив во угостителството, хотелите, установите за нега, медицинските ординации, а особено на аеродромите.

Германските медиуми јавуваат дека е забележан и помал број отпуштања.

За време на кризата, многу работодавци користеа намалено работно време и на тој начин избегнаа отпуштања.

Многумина се обидоа да ги задржат и своите луѓе бидејќи недостигаше кадар“, вели експертот за истражување на пазарот на трудот.

А вработените се воздржаа од отказ поради слабата перспектива на пазарот на трудот.

Според Државната агенција за вработување, лицата кои останале без работа за време на кризата барале работа во други сектори.

Според новата студија на Институтот за германска економија, особено хотелите и рестораните изгубиле многу вработени поради тоа што се префлиле во малопродажба, транспорт и логистика.

Според податоците на германската агенција за вработување, во првата година од коронавирусот во угостителството биле изгубени околу 47.000 работни места.

За 13 отсто помалку вработени се евидентирани во воздухопловната индустрија.

Нормализација на пазарот на труд е можна дури следната година.

„Сите индустрии погодени од корона сега го имаат истиот проблем. Сите тие сакаат да ја покријат својата акумулирана побарувачка во исто време и за краток временски период“, рече експертот. Но, пазарот на трудот не може да си го дозволи тоа толку брзо, пренесува Fenix.magazin.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП